Активности

Четврток, 28 јануари 2021

Неформална средба на претседателот Џафери со претставници на медиумите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одржа, прв за 2021 година, но редовен месечен брифинг, со претставниците на медиумите. На оваа неформална средба, традиционално, се разговараше за тековните активности и плановите на Собранието за периодот којшто следи.

Исто така, претседателот Џафери го презентираше својот Периодичен извештај за периодот од август 2020 до декември 2020 година. Во извештајот е содржана работата на Собранието од пленарните седници и од седниците на работните тела.

Во фокусот на разговорите, беше и „Мојот Пратеник“, како редовна публикација на Собранието, којашто во 23. издание содржи податоци за периодот од август 2020 година до јануари 2021 година за работата на новиот парламентарен состав, во насока на транспарентен законодавен дом.

Click