Активности

Среда, 27 јануари 2021 

Презентација на Предлог-програмата за работа на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ја одржа својата Втора седница, која имаше за цел меѓусебно запознавање на членовите на Комитетот, а воедно се изврши и презентација на Предлог-програмата за работа на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2021 година.

На седницата присуствуваа: претседателката на Комитетот, заменик- претседателот, членовите, како и претставници од Американската амбасада во Скопје и од Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На седницата се водеше меѓусебен разговор со цел да се предлагаат прашања, идеи и актуелни теми, кои се однесуваат на односите меѓу заедниците во земјава. Предлозите би се разгледувале на наредните  седници на Комитетот и би се утврдила Агенда на активности на Комитетот за односи меѓу заедниците, Драфт-верзија на Програмата за работа, а потоа и би се донела програма за работа на Комитетот за 2021 година.

Претседателката на Комитетот, Арбана Пашоли, со својата енергија и ангажираност и содржината на оваа седница, даде поттик на членовите на Комитетот да дадат свој личен и несебичен придонес во работата на  Комитетот и сега и во иднина да предлагаат теми или идеи за расправа на седниците за прашања од надлежност на Комитетот.

Таа нагласи дека и да се донесе програма, тоа не значи дека таа ќе биде конечна и неменлива, туку во континуитет ќе се надградува. Се слушнаа мислењата и искуствата на сите присутни членови на Комитетот кои дадоа бројни предлози, особено за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Републиката, степенот на правата на заедниците, реализација на истите, можности за подобрување на состојбите.

Со оваа седница, Комитетот за односи меѓу заедниците покажа и докажа дека интензивно работи на унапредување на својата работа и дека членовите на Комитетот очекуваат на најафирмативен начин да ги реализираат надлежностите на Комитетот.   

Click