Активности

Понеделник, 21 февруари 2022 година

Работна посета на Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг

Во Собранието денеска и утре се одржува работна средба со Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг.

Добредојде на гостите од Шведска им посака претседателот на Управувачка група, Фадил Зендели, кој изрази надеж дека дискусиите ќе бидат конструктивни и отворени, како што било и при посетата на Риксдагот. Очекувања за плоден процес на соработка, со размена на перспективи и искуства имаше и втората потпретседателка на шведскиот Риксдаг, Лота Џонсон Форнарве и воедно претседателка на Управувачка група.

Зендели информира дека денеска ќе се разговара за законодавната улога на Парламентот, приближување на државата кон ЕУ, односите со гласачите и граѓанското општество и актуелната политичка ситуација во двета парламента, додека утре ќе се дискутира за отвореноста и транспарентноста, надзорни расправи и вклученост на експерти, односи со јавноста и плановите за развој на Собранискиот канал, акко и Кодексот на однесување на пратениците.

Во продолжение за законодавниот процес и улогата на парламентот од Парламентарен институт говореа Дејан Димитриевски, раководител на Одделението за едукација и комуникација, и Ивана Арсовска-Трајановиќ, раководителка на Одделението за правни анализи и истражувања, по што се разви конструктивна дискусија.

За приближувањето на нашата земја кон Европската Унија, свој говор имаше Арбер Адеми, како претседател на Комисијата за европски прашања.

Притоа, тој истакна дека целта е Комисијата и Собранието да бидат подготвени за почеток на пристапните преговори со ЕУ, што се надева дека ќе се случи наскоро. Изрази надеж дека ќе се надмине спорот со Бугарија, а истовремено дека ќе се продолжи со реализирање на потребните ЕУ реформи, кои треба да обезбедат подобри услови во областа на конкурентната економија, квалитетната животна средина, енергетиката, дигитализацијата, сообраќајот, безбедноста на храната, непартизираната и ефикасна администрација и функционални институции.

Морачанин го образложи начинот на кој граѓаните се вклучени во носењето на законите и можноста да остварат директен контакт со пратениците. Во овој контекст го спомена постоењето на Канцелариите за контакт со граѓаните, потоа Клубот на пратенички, Интерпартиските парламентарни групи за лицата со хендикеп, ЛГБТИ лицата, Ромите, како и Клубот на млади, како позитивен пример за натпартиска соработка. Исто така, таа ги запозна гостите со транспарентноста на законодавниот дом преку преносот на пленарните седници и седниците на работните тела на Собранискиот канал, како и информирањето на јавноста преку собраниската веб-страница.

Во оваа насока, Маркус Виекел информира дека седниците на комисиите во Шведска се затворени, сѐ додека не се донесат заклучоци.

Граѓанското општество има голема улога во секоја демократија, а дебатата е од суштинска важност - заклучи Виекел.

Потоа се разви дискусија и размена на искуства за:

  • Какви се односите меѓу пратениците и граѓанското општество? 
  • Што можат парламентите да направат за да  промовираат поголемо ангажирање на граѓаните? Што денес прават парламентите во тој поглед и како може да придонесат за поголемо ангажирање на граѓаните и граѓанските општества?  
  • Колку добро парламентот го претставува населението? Некои предизвици?
  • Кои се формалните и неформалните структури за дијалог меѓу пратениците/политичарите и гласачите и граѓанското општество?
  • Што можат парламентот и пратениците да направат за да го промовираат ангажманот меѓу граѓаните? Меѓу младите?
  • Дали пратеникот може да одржува контакт со гласачите - дали со текот на времето се промениле можностите за интеракција и комуникација? Платформи за социјални медиуми?
  • Кој ја одредува агендата? Кои се главните прашања за дискусија?
  • Дали се следат трендовите на јавното мислење?
  • Која е улогата на улогата на комуникациските бироа/ стратезите/спин докторите?
Click