Активности

Четврток, 24 февруари 2022

Средба Aдеми - Лудва: Чешка поддршка  за нашите евроинтеграции 

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, имаше средба со амбасадорот на Република Чешка во нашата земја, Јарослав Лудва, на која стана збор за актуелните случувања во ЕУ и пошироко. 

Адеми информира за нашите напори за почеток на преговорите  за време на  актуелното француско претседателство со Унијата, со осврт на реализираните европски реформи,како и за текот на разговорите со Бугарија, со цел добивање  нивна подршка на следниот состанок на Советот. Одолговлекувањето на отворањето на преговорите со Северна Македонија оди во прилог на евроскептиците и не е во насока на забрзување на реформските чекори на земјата. 

Во врска со следното претседавање со ЕУ,чиј домаќин од 1 јули годинава, ќе биде Чешката Република, амбасадорот Лудва истакна дека неговата земја ги поддржува евроинтегративни процеси на нашата земја,но и на останатите земји аспиранти и кандидати за ЕУ членство. 

Двајцата соговорници изразија жалење поради новонастанатата воена состојба, по нападот на Русија на Украина.

Адеми истакна дека Украина е суверена земја, и дека Северна Македонија  ги поддржува  ставовите на  ЕУ и САД, во однос на  санкциите кон Русија поради нејзината агресија.

Click