Активности

Понеделник, 7 февруари 2022

Средба Адеми - Маричиќ

Претседателот на  Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, имаше работна средба  со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на која стана збор за можностите за унапредување на парламентарната димензија на евринтегративните процеси на земјата.

Адеми го информираше вицепремерот Маричиќ за тековната состојба со  законите со кои се усогласува нашето со европското законодавство, а кои Комисијата за европски прашања ги разгледувала на своите седници, но и за идните закони кои се доставени до Собранието, а треба да ја поминат  собраниската процедура.

Во тој контекст, Маричиќ го истакна значењето на Комисијата и на Собранието на Република Северна Македонија во процесот на усогласување на националното со европското законодавство, како важен предуслов за нашето приближување кон членството во ЕУ. Притоа, истакна дека Собранието има голема улога  во преговарачкиот процес, од аспект на парламетарна контрола над Владата при заземањето на позиции и ставови во преговарачкиот процес.

 

Click