Активности

Вторник, 18 јануари 2022

Средба Јован Митрески - Кристиан Вигенин

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, Јован Митрески, денеска во Собранието на Република Северна Македонија имаше средба со заменик-претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Кристиан Вигенин, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на меѓусебните односи, но и на регионалната соработка пошироко.

Во името на Пратеничката група на СДСМ  и Коалицијата, координаторот Митрески  нагласи дека очекува продолжување и динамизирање на меѓусебната парламентарна соработка, како на ниво на парламентарни комисии, така и на ниво на пратенички групи.

На состанокот, Митрески ја истакна важноста од отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија, односно одржувањето на Првата меѓувладина конференција. Тоа, додаде тој, ќе биде во интерес не само за нашата држава, туку и за сите земји од балканскиот регион.

Заменик-претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Вигенин, истакна дека има простор парламентите на двете земји тесно да соработуваат, не само преку Пратеничките групи за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, туку и преку матичните собраниски комисии.

Двајцата соговорници се согласија дека преку соработката во позитивен дух на сите полиња може полесно и поуспешно да се решат сите отворени прашања, а сето тоа во интерес на граѓаните на двете земји. 

Click