Активности

Среда, 5 мај 2021

Средба Касами - Шидер

Копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Северна Македонија, Биљал Касами, оствари средба со австрискиот пратеник во Европскиот парламент, Андреас Шидер. На средбата присуствуваше и пратеникот Кастриот Реџепи.

Во фокусот на дискусијата беше евроинтегративниот процес на нашата земја, кој трае долго и кој се соочува со бугарската блокада. Во овој контекст, подрршката од Европарламентот и од Австрија е добредојдена за нас. И покрај комлексната ситуација, се изрази надеж дека заедно со Албанија наскоро ќе ги отпочнеме преговорите за членство во Европската Унија.

Присутните се осврнаа и на „Жан Моне“ како значајна алатка за дијалог во Собранието, предизвиците кои ги донесе пандемијата, како отежнатоста од физичко присуство на седниците и потребата од адаптирање на онлајн седници. Исто така, стана збор и за опасноста од т.н. „нон-пејпер“ со оглед на тоа што Западен Балкан е чувствителен регион, со отворени рани од минатото, и токму затоа, што поскорото приклучување кон големото европско семејство е од големо значање за овој регион.

На крајот, соговорниците се сложија дека заедничката работа и реформите мора да продолжат, а со спласнување на пандемиската ситуација, средбите ќе добијат на интензитет.

Click