Активности

Четврток, 28 јануари 2021 година

Средба на Адеми со евроамбасадорот Гир

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г. Арбер Адеми, имаше средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, на која беа разменети мислења и ставови за актуелните евроинтегративни прашања во земјата во светлото на последните случувања по недобивањето на одлука од Советот за одржување на Првата меѓувладина конференција, минатата година за време на германското претседателство со ЕУ.

Во тој контекст, Адеми, истакна дека се прават напори за  позитивен исчекор во рамките на сегашното ЕУ претседателство во Португалија. Посочи дека земјата останува посветена на ЕУ агендата, и дека во таа насока Парламентот и Комисијата за европски прашања, целосно се вклучени во реализацијата на европските реформи. Осврнувајќи се на работата на Комисијата, истакна дека тој како претседател на Комисијата се залага за транспарентна работа заедно со опозицијата, со цел законите со кои се усогласува нашето со европското законодавство да бидат донесени со политички и  партиски консензус.

Амбасадорот Гир, ја истакна важноста на улогата на Парламентот и на Комисијата за европски прашања во процестот на пристапување на земјата во ЕУ, како главен крвоток во рализацијата на усвојувањето на европското законодавство. Во таа насока, ја потенцира неговата поддршка на патот кон ЕУ  изразувајќи подготвеност за  секаков вид на поддршка од страна на  Делегацијата на ЕУ во Скопје во реализацијата на ЕУ реформите Во таа насока Гир, се осврна на финансиската помош во Планот за економски инвестиции усвоен од Европската Унија, како силен сигнал за посветеноста и поддршката на ЕУ за економскиот напредок на регионот на Западен Балкан.

Click