Активности

Понеделник, 15 февруари 2021 година

СРЕДБА НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛ АНГЕЛОВ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска во Собранието, оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов.

Николоски го информираше амбасадорот дека непосредно по неговиот избор за претседател на Советот оствари средби со амбасадори на земји членки на Европската Унија во државата, со цел нивно запознавање со Советот и заедничка соработка во процесот на европската интеграција.

На средбата, Николоски го запозна амбасадорот за составот и надлежностите на Националниот совет, улогата која треба да ја оствари во преговорите за пристапување во Европската Унија, како и консензуалното донесување oдлуки.

На средбата беа опфатени прашања во врска со билатералните односи, соработката меѓу двете земји и се разменија мислења и видувања за натамошно унапредување.

Click