Четврток, 18 февруари 2021 година
Средба на координаторот Митрески со европратеникот Илхан Кјучук
Координаторот на пратеничката групна на СДСМ и коалицијата ,,Можеме“, денеска оствари средба со европратеникот Илхан Кјучук, известител во Европскиот парламент за Северна Македонија.
На средбата беше разговарано за работата на Собранието и предизвиците во парламентарното работење за време на пандемијата Ковид-19.

Митрески во своето обраќање имаше можност да сподели забелешки за големиот број блокирани закони во Собранието, како и за значењето на функционалноста на Собранието за европскиот пат на Република Северна Македонија.
На средбата соговорниците разговараа и за процесот „Жан Моне“ и потребата од негово продолжување.