Среда, 10 март 2021 година
Средба на Маја Морачанин со Дритан Абазовиќ
Маја Морачанин, пратеничка од зелената партија ДОМ, денеска, оствари средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој е во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.
Средбата помина во пријателска атмосфера, каде беа разменети мислења за моменталните состојби во двете држави, пандемијата со Ковид-19, како и предизвиците со кои земјите се соочуваат во моментов. 
Морачанин - Абазовиќ, како преставници на зелените партии, се фокусираа на животната средина, екологијата и други прашања, кои се од нивен заеднички интерес.
Соговорниците ја афирмираа досегашната соработка на двете земји, како и можностите за нејзино продлабочување во иднина.