Активности

Четврток, 3 февруари 2022

Средба на Ненад Коциќ со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва

Денеска Ненад Коциќ, претседател на Групата за соработка со парламентот на Чешката Република оствари прва средба со Н. Е. Јарослав Лудва, новоименуван амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија.  

Пратеникот Коциќ упати честитки до соговорникот за именувањето за амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија и изрази надеж дека добра соработка меѓу двете држави ќе продолжи и во иднина. 

Во однос на парламентарната соработка тој истакна дека по  одржувањето на парламентарните избори во Чешката Република минатата година,  очекува наскоро да се формира соодветна група за пријателство во Чешкиот парламент со што би се создале услови да продолжи взаемната соработка. Од исклучително значање за нашата земја е пренесувањето на искуството и знаењето на чешките пратеници во однос на искористувањето на сите можности што ги нуди Европската унија за земјите кандидати за членство во Унијата во однос на унапредување на образовниот, здравствениот, економскиот и културниот систем во земјите. 

Амбасадорот Лудва истакна дека ќе се залага за унапредување на парламентарната соработка и ќе вложи дополнителни напори за време на чешкото претседаваше со Советот на ЕУ, во втората половина на 2022 година, да ги олесни и помогне сите процеси кои тогаш ќе и бидат потребни на нашата земја. Тој смета дека европската безбедност нема да биде потполна доколку земјите од Западниот Балкан не бидат интегрирани  во ЕУ.  

Двајцата соговорници искажаа уверување дека ќе работата на поголема институционална соработка меѓу државите како и соработка со цел развивање на граѓанските организации.     

Click