Активности

Вторник, 25 јануари 2022

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МРЕЖАТА МЛАДИ ЕВРОПСКИ АМБАСАДОРИ

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со претставници на Мрежата Млади европски амбасадори. На средбата присуствуваше и Бојан Стојановски, пратеник во Собранието.

На средбата претседателот Николоски информираше за идејата за формирање на Националниот совет за евроинтеграции, неговата улога во пристапниот процес, консензуалното одлучување, како и за составот на Советот, кој опфаќа членови и претставници од законодавната и извршната власт, од општествениот сектор, ЗЕЛС, стопанските комори, религиските заедници, ЗНМ, МАНУ.

Претставниците на Мрежата Млади европски амбасадори укажаа дека Мрежата е дел од регионалната програма на ЕУ за Западен Балкан, поддржана од Директоратот за проширување на ЕУ, и информираа за своите цели и проекти во идниот период.

Соговорниците разговараа за предизвиците со кои се соочува мрежата Млади европски амбасадори, адресирање на проектите за младите на локално ниво, проектите за поврзување на младите од Западен Балкан, регионалната соработка, како и реализацијата на програмите за млади по примерот на Еразмус +.

На средбата стана збор и за главните пречки кои стојат на евроинтегративниот пат на државата, пред сѐ за борбата против корупцијата, економските проблеми и мерките за запирање на иселувањето на младите.

Од дискусиите произлезе идеја за активно вклучување на Националниот совет за евроинтеграции во поддршка на проектите на Младите европски амбасадори, пред сѐ во целосно реализирање на проектот EU Info Train кој опфаќа 11 европски младински цели во текот на следните 11 месеци на различни локации во државата.  

Click