Активности

Понеделник, 15 февруари 2021 година

Средба на Николоски со унгарскиот амбасадор Дукс

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски ,денеска во Собранието, оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

На почетокот на средбата, Николоски се заблагодари за прифатената покана за средба од страна на амбасадорот Дукс, и искажа благодарност за континуираната и силна поддршка на Унгарија за нашата европска интеграција. 

Истовремено Николоски искажа благодарност на силната поддршка и ангажираност на Вишеградската група, за добивање на членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан, и го информираше унгарскиот амбасадор за идејата Националниот совет да организира посебна седница на која ќе се поканат амбасадорите на сите земји од Вишеградската група. 

 

Николоски го запозна унгарскиот амбасадор за надлежностите и клучните цели на Националниот совет за евроинтеграции, неговиот состав и особено важноста во одлучувањето со консензус.

На средбата соговорниците разговараа за билатералните односи и соработката меѓу двете држави, за актуелните предизвици кои претстојат на нашата држава во процесот пристапни преговори со Европската унија, а беа разменети и мислења за актуелните состојби и европската перспектива на регионот.

Click