Активности

Среда, 3 февруари 2021 година

Средба на пратениците Апасиев и Крмов со францускиот амбасадор Бомгартнер

Денеска, пратениците на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер. 

На оваа прва протоколарна средба за запознавање се разговараше за повеќе актуелни теми, а меѓудругото стана збор за: европската перспектива на Македонија после бугарското вето, односите меѓу пратениците и пратеничките групи во парламентот, меѓуетничките односи во општеството, меѓународната соработка и позициите на Левица за одредени важни политички прашања и сл.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, а пратениците на амбасадорот му ја посочија корупцијата и етнизацијата како најголем проблем со кој се соочува македонското општество. 

На крајот од средбата, беше изразена подготвеност за идна активна соработка со Амбасадата на Франција. 

Click