Активности

Петок, 12 февруари 2021 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА СОБРАНИЕТО ЗА СОРАБОТКА СО БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ СО ЛИТВАНСКАТА МЕЃУПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА 

Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со балтичките земји: Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, денеска, одржа онлајн состанок со претседателката, Лаима Луција Андрикиене и членовите на литванската Меѓупарламентарна група за соработка со парламентите на земјите од Западниот Балкан. 

На средбата, покрај претседателката на Групата, Моника Зајкова, учествуваа и членовите: Дајанчо Ефтимов, Велика Стојкова-Серафимовска, Емилија Рамбабова и Арта Билали-Зендели.

Претседателката Зајкова, во своето воведно излагање, изрази задоволство од можноста за реализација на оваа средба и притоа ги информираше литванските колеги за составот и улогата на Пратеничката група. 

Во продолжение, со средбата претседаваше пратеничката Арта Билали-Зендели.

Соговорниците разменија мислења и ставови во однос на следниве точки на дневен ред: 

  • Состојбата на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ: почеток на преговорите за пристапување, односите со Бугарија, каде своја презентација од македонска страна имаше Никола Димитров, вицепремиер задолжен за европски прашања, кој одговори и на прашања во однос на оваа тема;
  • Изгледите за соработка на Делегациите на двата Парламента во Парламентарното собрание на Советот на Европа, беа истакнати од страна на претседателката Андрикиене, коишто треба да бидат координирани и со заеднички цели.

Литванска поддршка во сите можни форми предложи Димитров, додека Андрикиене истакна дека Северна Македонија има пријатели и во овој дел од Европа и ја има поддршката од Литванија. Веќе сте дел од НАТО, а следен чекор е Европската Унија. Примерот на балтичките земји кои зеднички дискутираат за важни прашања и позиции, може да се примени и кај земјите од Западен Балкан - рече Андрикиене.

Членовите на Групата од македонска страна, посочија дека нашите земји имаат доста заеднички точки и можат да учат меѓусебно едни од други, а од литванска страна беше искажан интересот за прашања во однос на перспективата и предизвиците на земјата на патот кој ЕУ и како да се помогне во тој процес, како и  можноста за соработка на културно-едукативното поле помеѓу двете земји.

На крајот од средбата, Андрикиене информираше дека меѓупарламентарната група останува посветена да работи со земјите од Западен Балкан и, доколку дозволат условите, би било доста корисно да се организира посета во Северна Македонија, до крајот на годината.

Click