Активности

Петок, 22 јануари 2021

Средба на пратеникот Митрески со евроамбасадорот Дејвид Гир

Координаторот на Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, Јован Митрески, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Н.Е. Дејвид Гир.

Двајцата соговорници изразија задоволство од можноста да се сретнат во законодавниот дом и да остварат плодна дискусија. Европската Унија става акцент на работата на Собранието како законодавно тело, но и како главно место за јавна дебата. 

Во фокусот на разговорот беше евроинтеграцијата на нашата земја. Во тој контекст, беше истакната потребата различните чинители да ја зголемат соработката за да може работата да се унапреди, со цел постигнување консензус, бидејќи евроинтегративниот процес со сите политички чинители е во интерес на сите граѓани.

Click