Активности

Понеделник, 25 јануари 2021 година 

Средба на пратеникот Реџепи со евроамбасадорот Дејвид Гир

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, координаторот на пратеничката група на Алтернатива и Алијанса за Албанците, Скендер Реџепи - Зејд, оствари работна средба со претставникот на Делегацијата на Европската унија во нашата земја, амбасадорот Дејвид Гир.

На почетокот на состанокот, Скендер Реџепи му честиташе на амбасадорот Гир за посветеноста кон пристапувањето на Република Северна Македонија во големото семејство на ЕУ што е можно поскоро, со што му посака добродојде на првата официјална средба со претставниците на народот, односно албанската опозиција во Собранието. 

 

Средбата беше доста конструктивна, разговарајќи за актуелните настани, предизвиците и проблемите со кои се соочува нашата земја, економската криза, пандемиската состојба и низа други теми поврзани со работата во Законодавниот дом. Во оваа прилика, координаторот Скендер Реџепи го посочи фактот дека позицијата се обидува да замагли важни прашања во очите на јавноста, со што предлага предлог-закони по скратена постапка и без да остави простор за сериозно разгледување на оние закони за кои често пати потребно е и вклучување на експертите и одржување на јавна дебата.  

Click