Активности

Вторник, 26 јануари 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Јасим Бин Хамад Ал-Тани                                           

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со новоименуваниот амбасадор на Државата Катар, Н.Е. Јасим Бин Хамад Ал-Тани, беа разменети мислења за досегашната и идна соработка меѓу двете земји, особено на планот на унапредување и интензивирање на билатералната комуникација на сите нивоа, со посебен акцент на економската и трговската соработка.

Претседателот на Собранието изрази надеж дека соработката и односите меѓу двете страни ќе се продлабочуваат во наредниот период, особено економската соработка и во тој контекст, упати апел до бизнис заедницата како и до стопанските комори на двете земји да продолжат со интензивната комуникација и во понатамошниот период. Претседателот Џафери ја поздрави и одлуката на Катар од 2017 година за укинување на визниот режим со повеќе од 80 земји, меѓу кои и со Република Северна Македонија, како одлука која ја олеснува комуникацијата на повеќе од 4500 наши граѓани кои живеат и работат во државата Катар.

„Очекувам во наредниот период интензивирање и на парламентарната соработка на сите нивоа, која ја сметам за многу значајна и планирам во периодот пред нас да упатам покана до мојот колега, Ахмед Ал Махмуд, по завршувањето на пандемиската криза да ја посети Република Северна Македонија,“ истакна тој.

Новиот амбасадор на Државата Катар, Н.Е. Јасим Бин Хамад Ал-Тани, се заблагодари за средбата како и за можноста за разменување на мислења околу понатамошната соработка и изрази уверување дека за време на неговиот мандат ќе помогне и ќе даде личен голем придонес во интензивирањето и зајакнувањето на соработката, особено на економски план. Тој изрази жалење за моменталниот прекин на авионската линија со Катар која е предизвикана од корона-пандемијата и го информираше претседателот Џафери дека се работи на планот да од месец јуни 2021 година повторно се воспостави директната линија Скопје - Доха - Скопје.

Неговата Екселенција исто така го информираше претседателот Џафери дека во наредниот период очекува да се прецизираат и потпишат сите преостанати осумнаесет билатерални договори кои се планирани и кои ќе овозможат посилна и поинтензивна комуникација за двете страни во повеќе области. 

На крај, двајцата соговорници се согласија дека меѓусебната комуникација и соработка ќе продолжи да се интензивира и во иднина.  

Click