Активности

Петок, 22 јануари 2021 година

Средба на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Николоски со австрискиот амбасадор Вуцас

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Георг Вуцас. 

На средбата Николоски информираше за новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, клучните цели на Советот, инклузивниот карактер и консензусот во одлучувањето. 

Тој ја нагласи и улогата што ќе ја има Националниот совет во процесот на преговорите за пристапување во ЕУ, и најави активна агенда за периодот што ќе следи.

Австрискиот амбасадор Вуцас ја повтори позицијата на Австрија во однос на проширувањето, дека Европската Унија не е комплетна без земјите од Западниот Балкан. Воедно, амбасадорот Вуцас даде целосна поддршка на Националниот совет за евроинтеграции, за остварување на позитивни резултати во текот на преговорите. Амбасадорот изрази надеж дека во најскоро време ќе се изнајде заеднички пат за решавање на актуелните прашања и потешкотии кои го засегаат целокупното општество.

Во текот на средбата, соговорниците разменија мислења за актуелните состојби, за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка и предизвиците кои претстојат на патот кон членството во европското семејство.

Click