Активности

Среда, 27 јануари 2021

Трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието, на вчерашната 3. седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделско земјиште;
  3. Предлогот на закон за изменување на Законот за вршење на земјоделска дејност;
  4. Предлогот на закон за изменување на Законот за селекционерски права;
  5. Предлогот на закон за изменување на Законот за пасиштата;
  6. Предлогот на закон за изменување на Законот за сточарството.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата, присуствуваа Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Жанета Ѓорѓиевска, повереник, раководител на Сектор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ѓорѓиевска ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со истите. 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија, по сите Предлог-закони, го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог-законот и оцени дека истиот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Како последна точка од дневниот ред, на Комисијата ѝ остана Информацијата за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година.

Click