
Четврток, 18 февруари 2021
Трета седница на Комитетот за односи меѓу заедниците
Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ја одржа Третата седница, на која присуствуваа претседателката на Комитетот, заменикот, членовите и претставник од Американската амбасада во Скопје.
Претседателката на Комитетот, Арбана Пашоли, ја презентираше Програмата за работа на Комитетот за 2021 г. и воедно порача дека истата во континуитет ќе се надградува со придонес на членовите на Комитетот. Членовите и сега и во иднина можат да предлагаат теми или идеи за расправа на седниците за прашања од надлежност на Комитетот.
Во Програмата за работа и Агендата на активности на Комитетот се внесени сите предлози, прашања, идеи и актуелни теми од страна на членовите на Комитетот кои се однесуваат на односите меѓу заедниците во земјава, а се во надлежност на Комитетот, плус предлозите кои се доставени писмено и усно, а исто така и од пополнетите прашалници.
Комитетот едногласно ја утврди Агендата на активности и ја усвои Програмата за работа на Комитетот за односи меѓу заедниците во 2021 година.
Функционален Комитет за односи меѓу заедниците треба да биде можен чекор напред за намалување на недоразбирањата и подобри меѓуетнички односи.
Клучни проритети на Комитетот се конструктивни меѓуетнички односи, антидискриминација, образование, култура, соодветна и правична застапеност, употреба на јазиците, медиумите, комуникациска мрежа со меѓународните институции и со членовите на граѓанското општество.