Активности

Вторник, 9 февруари 2021 година

Трета седница на Комисијата за култура 

На денешната седница Комисијата за култура го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, по скратена постапка.

Заменик-министерот за култура, Седат Сулејмани образложи дека измените во предложениот закон се во насока на усогласување со Законот за прекршоците.

Kомисијата го проследи предлог-законот на натамошна постапка во Собранието на Република Северна Македонија.

Click