Активности

Среда, 27 јануари 2021 година

Учество на  Арбер Адеми на онлајн средба со Групата за соработка со Обединетото Кралство

Денеска, шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО и претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г. Арбер Адеми, имаше свое излагање на онлајн средба со парламентарната Група за соработка со Обединетото Кралство, како член на групата.

Осврнувајќи се на стратешката соработка на Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, како рамноправни сојузници во НАТО Алијансата, Адеми посебно се заблагодари на британската логистичка и воена поддршка на нашата Армија, а во тој контекст и на НАТО Алијансата која испрати специјален контингент  на аеродромот во Скопје со значајна медицинска опрема за справување со Ковид во износ од над милион евра.

Адеми исто така, ја истакна и континуираната помош и соработка од страна на Обединетото Кралство во однос на нашите евроатлантски аспирации. Во тој контекст изрази надеж дека  во рамките на португалското ЕУ претседавање ќе се оддржи Меѓувладината конференција со што би отпочнале  и преговорите по кластери, согласно новата методологија.

Притоа, одговорајќи на прашањата на британските колеги за нашите напори да се надминат актуелните пречки за отворање на преговорите, од страна на Бугарија, ги посочи нашите црвени линии кои се однесуваат на идентитетот и македонскиот јазик.

Click