Активности

Вторник, 2 март 2020

Учество на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО на заедничките состаноци на комитети на ПС НАТО и на Специјален состанок со Северноатлантскиот совет 

Во организација на ПС на НАТО и НАТО, на 1 и 2 март 2021 г. преку платформата KUDO, се одржаа традиционалните Февруарски заеднички состаноци на повеќе комитети на ПС НАТО и Специјален состанок со Северноатлантскиот совет, на кои домаќин секогаш е белгиската делегација во ПС на НАТО. Овие состаноци се одржуваат според правилата на Chatham House, при што поради сензитивноста на споделените информации, истите не можат да се пласираат во пошироката јавност. 

На состаноците учествуваа пратениците Арбер Адеми, шеф на Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО и Илија Николовски, член на Делегацијата, како и Секретаријатот на Делегацијата.  

Дебатата се одвиваше за пост-пандемиските стратешки предизвици и приоритети за НАТО, отпорноста на општествата и демократијата во Алијансата, предизвиците со Истокот и други актуелни состојби. Парламентарците се осврнаа и на Проектот “НАТО 2030” и улогата на парламентите, при што беше поздравен придонесот на парламентарците кон овој проект, кои дадоа свои индивидуални размислувања и подобрувања на истиот. Беше презентиран и првиот онлајн претседателски извештај на ПС НАТО, изготвен под специфични работни услови без преседан, предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

На вториот ден на заедничкиот состаноци се одржа Специјалниот состанок со постојаните претставници на земјите-членки во Северноатлантскиот совет (NAC). Посебен дел беше оставен за поставување прашања од страна на шефовите на парламентарните делегации до генералниот секретар на НАТО, на кој своја интервенција и прашање имаше и шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, пратеникот Арбер Адеми. 

***Февруарските “Бриселски” состаноци на ПС на НАТО претставуваат форум на кој НАТО парламентарците имаат уникатна можност да се сретнат со владините претставници на НАТО и експерти од воената област, со цел да бидат запознаени со актуелните случувања во креирањето на стратешките политики на Алијансата. Парламентарците од своја страна го имаат и ексклузивното право како претставници на населението што потпаѓа под “капата” на НАТО да ги искажат своите видувања кон овие политики и да предложат идеи во насока на нивно адекватно моделирање и прилагодување кон поединечните државни приоритети.  




Click