Активности

Четврток, 4 март 2021 година

Учество на собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција

Собраниска делегација во состав: Антонијо Милошоски шеф на Делегацијата и претседател на Комисијата за надворешна политика,  Миле Талевски претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и членовите на Комисијата за одбрана и безбедност Арбана Пашоли и Абдула Салиу учествуваат на онлајн Интерпарламентарна конференција организирана од страна на Комисијата на Заедничката надворешна и безбедносна политика и Комисијата на заедничката безбедносна политика на државите членки на Европската Унија, (ЗНБП/ЗБОП) што се одржува на 3 и 4 март 2021 година во Лисабон, Република Португалија.

На Интерпарламентарната конференција учествуваат претставници од Европскиот парламент и Европската Комисија како и експерти од областа на надворешната политика и одбраната. 

На отварањето на Интерпарламентарната Конференција се обратија: г. Јенс Столтенберг генералениот секретар на НАТО Алијансата, г. Жозев Борел висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и г. Едуардо Феро Родригес претседател на Парламентот на Португалија.

На Интерпарламентарната конференција, според агендата, учесниците дебатираат за значајни и актуелни прашања како што е зацврстувањето на соработката меѓу Евроспката Унија и НАТО.  На втората сесија учесниците имаа можност да  дискутираат со г. Жозев Борел високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, каде свое обраќање имаше и Претседателот на Комисијата за надворешна политика г. Антонијо Милошоски. Тој рече дека полноправното членство на Македонија во Европската Унија, претставуваа стратегиска и долгорочна цел на надворешната политика. Во тој домен, Милошоски истакна дека Македонија треба што поскоро и формално да ги започне пред пристапните преговори со Европската Унија, бидејки одлуката за отпочнување на преговорите е прашање кое е важно за сите граѓани на државата, за регионот како и за стабилноста на ЕУ.

Интерпарламентарната конференција се одржува на секои шест месеци, обезбедуваќи им можност на членовите на Националните парламенти и на Европскиот Парламент да го дискутираат напредокот на заедничките политики на Унијата во областите на надворешните работи, безбедноста и одбраната, како и колективните предизвици со кои се соочуваат Унијата и нејзините земји членки и земјите кандидати.

Click