Собраниско раководство

Недела, 9 јануари 2022

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ТРАДИЦИОНАЛЕН БОЖИЌЕН РУЧЕК КАЈ ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска присуствуваше на традиционалниот божиќен ручек што поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, редовно го приредува по повод божиќните празници и својот именден - празникот на Св. Првомаченик Стефан.

На ручекот присуствуваше и претседателот Пендаровски, како и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. 

Click