Петок, 11 септември 2020 година
Прва средба на претседателот Џафери со претставниците на медиумите
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска одржа неформалана средба со претставниците на средствата за јавно информирање.
Ова е прва средба во рамките на новиот парламентарен состав, по реизборот на претседателот Џафери, со што ја опточна воспоставената пракса.

На средбата, претседателот Џафери информираше за тековните и идните активности на Собранието, свикувањето на следната седница на која на дневен ред ќе се најдат: Предлог-одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, како и верификација на мандат на пратеник.
Во наредниот период се очекува да бидат разгледани и петте Одлуки за утврдување на постоење на вонредна состојба, кои ги прогласи претседателот Пендаровски, а за кои е неопходно двотретинско мнозинство.
На средбата претседателот Џафери порача дека во услови на пандемија мора да имаме алтернатива што, како и каде за вонредни ситуации. Мора да има процедура за редовна и за вонредна состојба, не исклучувајќи ја и работата онлајн, како опцијаво краен случај, за која се потребни одредени технички подготовки и соодветен софтвер.
До крајот на месецот се очекува да биде одржана уште една редовна средба со претставниците на медиумите.
