Собраниско раководство

Петок, 30 јули 2021

Редовен брифинг на претседателот Џафери со претставниците на медиумите

На денешниот редовен месечен брифинг со претставниците на медиумите, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ги информираше присутните дека на 6-ти август ќе ја потпише одлуката за распишување на локалните избори, согласно роковите во законската регулатива и дека изборите ќе се одржат на 17 октомври. 

Во однос на работата на Собранието, Претседателот Џафери истакна дека пратениците на 2 август заминуваат на колективен одмор и во тој период нема да има седници, меѓутоа секако, доколку има итни и неодложни прашања на дневен ред, не ја исклучува можноста за нивно повторно собирање. Пратениците се очекува да се вратат на работа на крајот на месец Август и веќе од месец Септември ќе се продолжи и со нови седници.

Click