Собраниско раководство

Петок, 29 јануари 2021 година

СЛЕДНА ФАЗА:СОБРАНИСКИ КАНАЛ

Денеска се одржа настан во заедничка организација на Собранието на Република Северна Македонија и Програмата за парламентарна поддршка кој беше наменет за дијалог на тема „Реформата на Собранискиот канал и унапредувањето на парламентарното емитување“, во рамки на серијата политички дијалози наречени – „Планински разговори“.

 

На настанот беа присутни и учествуваа во дискусијата претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, потпретседателите на Собранието г. Горан Мисовски и г. Фадил Зендели, координаторите или замениците координатори на пратеничките групи во Собранието, г. Диме Велковски, г. Никола Мицевски, г. Арбер Адеми, г. Скендер Реџепи, Генералната секретарка г-ѓа Цветанка Иванова како и претставници на партнерите од Програмата – амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, тим лидерот на НДИ во Северна Македонија, г. Роберт Скот Хејслет како и претставници од собраниската служба и претставници на партнерите од Програмата. Како претставник на извршната власт на настанот беше присутен претседателот на Владата, г. Зоран Заев кој даде голема поддршка за реализација на оваа реформа.

 

Во своето обраќање, претседателот на Собранието, г. Џафери истакна дека Следната фаза на "Програмата за поддршка на Собранието" во соработка со Амбасадата на Швајцарија, СДЦ и НДИ е доближувањето на парламентарните процедури до граѓаните, начините како тие можат да се вклучат во подобрување на функционалноста на Собранието и тоа преку целокупна операционализација на Собранискиот ТВ Канал, по примерот на многу парламенти во светот, со собраниско студио, опремено по најновите технологии, квалификуван и стручен кадар и простор за разновидни содржини поврзани со работата на пратениците и Собранието.

  

Реформата на Собранискиот канал е предвидена согласно Стратешкиот план на Собранието на Република Северна Македонија за 2021 – 2023 година, како дел од целите за отворен парламент, а како дел од Програмата за парламентарна поддршка. Целта на денешниот настан беше да се постигне договор помеѓу сите засегнати чинители и да се најдат модалитети вo насока на подобрување на општите капацитети за транспарентност и отчетност на Собранието. Реализација на целокупната реформа е како дел од Програмата за парламентарна поддршка која ја спроведува Националниот демократски институт, а финансиски е поддржана од Швајцарската агенција за развој.​

Повеќе за оваа програма можете да прочитате на следниот линк. https://www.sobranie.mk/shvajcarska-poddrshka-na-sobranieto.nspx.

  

Click