Понеделник, 31 август 2020 година
Со 62 гласа „За” Собранието ја изгласа новата влада
По дводневната расправа, пратениците во Собранието вчера гласаа за изборот на новата Влада на Република Северна Македонија, тринаесетта по ред, предоложена од мандатарот, Зоран Заев.
„За“ изборот гласаа 62 пратеници, додека 51 беа „против“, а воздржани немаше.
По гласањето ново избраните членови на Владата, дадоа заклетва и ги потпишаа свечените изјави.
За претседател на Владата е избран Зоран Заев, и ова е неговиот втор мандат. Додека дванаесет од кабинетот заедно со премирот се од СДСМ, 6 од ДУИ, и по еден од БЕСА и од ЛДП.
Премиерот Заев ќе има тројца заменици, министри без ресор, додека Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем.
Претседателот на Собранието, Џафери од свое лично име и од име на пратениците им го честита изборот на новите членови на Владата, посакувајќи им успешно справување со предизвиците што не очекуваат сите заедно во иднина и да бидат столб на високо функционални институции.
На крајот од седницата, истотака беше констатирано дека со изборот за министерка за труд и социјална политика, на пратеничката Јагода Шахпаска ѝ прекинува пратеничкиот мандат, додека на Благоја Бочварски, кој е избран за министер за транспорт и врски, му заврши мандатот како градоначалник на Штип.
» Повеќе фотографии на flickr