Собраниско раководство

Вторник, 30 ноември 2021

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Франциско Мунис

На денешната протоколарна средба со новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Малезија за Република Северна Македонија, Н.Е. Франциско Мунис, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, посакувајќи му успешен мандат на амбасадорот, потенцираше дека со Малезија, иако имаме воспоставено дипломатски односи уште во 1993 година, недостасува некоја позначајна билатерална соработка на кое било ниво и во тој контекст, тој изрази надеж дека односите може заемно да се поттикнат кон интензивирање, како на политичко така и на економско поле, пред сѐ.

Претседателот Џафери ја нагласи исто така важноста на парламентарната дипломатија, при што ја потенцираше и досегашната добра соработка со Малезија на мултилатерален план во рамките на ООН. Се осврна и на договорната состојба меѓу двете страни како и на нашите договорни иницијативи за кои што се уште немаме одговор од малезиска страна.

Амбасадорот на Малезија, Н.Е. Франциско Мунис, изрази задоволство од реализираната средба и дадената можност да биде амбасадор на Малезија кој ќе ја покрива Република Северна Македонија. Тој во потполност се согласи со Претседателот Џафери дека билатералната соработка меѓу двете земји е на едно незадоволително ниво и изрази спремност да за време на својот мандат се заложи максимално и да работи во насока на интензивирање на политичката и економската соработка на сите нивоа. Во таа насока, тој исто така нагласи дека ќе ги пренесе овие пораки на подготвеност за парламентарна соработка и до Спикерот на малезискиот парламент.

На крајот и двајцата соговорници се согласија дека во наредниот период заеднички ќе работат на поттикнување на меѓусебната комуникација и соработка на двете земји.

Click