Собраниско раководство

Петок, 4 март 2022

Средба на претседателот Џафери со политичките лидери во Република Косово

Во рамките на официјалната посета на Република Косово, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во попладневните часови оствари поединечни средби со лидерите на опозициските политички партии застапени во Собранието на Република Косово.

На средбата со г. Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово воедно и најголемата опозициска партија во косовското Собрание, стана збор за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, а пред сè за можностите за унапредување на меѓупарламентарната соработка. Разговараа и за актуелната политичка ситуација во земјата, регионот и Европа и ја констатираа заеднички острата осуда на руската агресија во Украина, за што во двете собранија се донесоа конкретни Декларации. 

Претседателот Красниќи се заблагодари за поддршката што Претседателот Џафери и Република Северна Македонија ја дава на Косово, особено во постигнувањето на целта за членство во меѓународните институции и организации.

На средбата со претседателот на Демократски сојуз на Косово, г. Лумир Абдиџику, Претседателот Џафери беше информиран за ставовите на најстарата и една од најголемите политички партии во Косово, која во моментов има 15 пратеници во Собранието на Република Косово. Претседателот Џафери констатираше дека неговата официјална посета во Република Косово, секако немаше да биде комплетна доколку не се сретнеше со лидерите на опозициските партии, нешто што го повтори на трите средби што ги имаше во попладневните часови.

Претседателот Абдиџику ја потенцираше потребата од членство и на Република Косово во НАТО Сојузот, особено во овој нов политички моментум, повикувајќи се на регионалната сигурност што ја нуди ова членство, при што се заблагодари за поддршката што земјите од регионот, членки на НАТО ја даваат и во насока на евроинтеграциските аспирации на Република Косово.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, остари средба и со претседателот на Алијанса за иднината на Косово и поранешен премиер на Република Косово, г. Рамуш Харадинај. На средбата, Претседателот Џафери ја нагласи потребата од што побрзо оформување во Собранието на Република Косово на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Северна Македонија, со што ќе се даде нова и побогата димензија на меѓупарламентарната соработка.   

Претседателот Харадинај, се осврна на активностите на осумте пратеници на Алијанса за иднината на Косово во Собранието на Косово а ја нагласи и значајноста и потребата од што побрзо поврзување со Коридорот 8, инфраструктурен проект кој што ќе биде од огромна полза за сите аспекти од регионалната соработка. 

Click