Собраниско раководство

Среда, 9 март 2022

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ПСО И ССМ

На барање на Прогресивниот синдикат на образованието (ПСО) при Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери се сретна со раководството на ПСО, предводено од Владо Димовски, Фитим Аџами, Јован Шапе и Елена Стојановска и претседателот и секретарот на ССМ, Дарко Димовски и Златко Цветковски.

Претседателот Џафери им остави простор на присутните претставници од ПСО и ССМ да го образложат барањето за средбата и по нивното воведно излагање, взаемно се согласија  за потребата од донесување на закон за наставници и стручни соработници и за потребата од зголемување на платите во образованието, согласно растот на минималната плата. Истовремено, претставниците на ПСО и ССМ укажаа на потребата од што поскора трансформација на работниот однос на наставниците и стручните соработници од определено време на неопределено време при што, Прогресивниот синдикат на образованието при ССМ извести дека работат на соодветна анализа по училишта, паралелки и број на ученици, и воедно потврдија дека предложеното решение не го предвидува ризикот од појава на вишок на одредени наставници по одредени наставни предмети, меѓутоа дека како синдикат водат грижа и за тој аспект. Го изразија и барањето со предлог пратениците да ја изгласаат потребата за донесување на Законот, а потоа, за спорните одредби во Законот да се реагира со амандмани а секако и од страна на ПСО и ССМ би биле доставени соодветни предлози кои би биле изградени преку спроведување на широка консултација со наставниците и стручните соработници во следниот период.

Од страна  на претставниците на ССМ беше истакнато дека нивна главна заложба е Договорите за вработување да бидат на неопределено време за сите работници, без оглед на тоа на кој сектор припаѓа работникот, а за почеток, може да почне со регулирање на статусот на наставниците и стручните соработници во основното и средното образование, а укажаа и на потребата од скалесто зголемување на платите на сите работници согласно зголемувањето на минималната плата.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, откако ги ислуша присутните претставници, накратко ги информираше за актуелната ситуација во однос на ова прашање. Односно, извести за пристигнати две верзии на Предлог закон за измена и дополнување на Законот за наставници и стручни соработници, едниот е предлог на Владата на РСМ од 19 април 2021 година а другиот од страна на пет пратеници од пратеничката група од ВМРО ДПМНЕ, доставен на 14.02.2022 година. Двата предлога се разликуваат по тоа што во првиот се регулира статусот на определено и неопределено време а во вториот е исфрлен тој дел а е оставен делот за регулирање на платите. Во принцип, потребно е надминување на потребата од правење на дневно политички пазарења и согледување на важноста од подобрување на социјалниот статус на просветните работници и стручните соработници во образованието со итно гласање на потребата од донесување на  измените и дополнувањата на соодветниот Закон кој веќе една година не може да се стави на дневен ред на пленарна седница. 

Click