Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација 


Е-пошта: jpc@sobranie.mk

Цели и задачи 
Деловник 

Претходни состаноци (1995-2004) 
Прв состанок (30 и 31 март 2005 година, Скопје, Република Македонија) 
Втор состанок (5 и 6 декември 2005 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Трет состанок (29 и 30 јануари 2007 година, Скопје, Република Македонија) 
Четврт состанок (26 и 27 ноември 2007 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Петти состанок (27 и 28 ноември 2008 година, Скопје, Република Македонија) 
Шести состанок (31 март 2009 година, Брисел, Кралството Белгија)
Седми состанок (18-19 февруари 2010 година, Скопје, Република Македонија)
Осми состанок (29 и 30 ноември 2010 година, Брисел, Кралство Белгија)
Деветти состанок (3-4 ноември 2011 година, Скопје, Република Македонија)
Десетти состанок (7 јуни 2012 година, Брисел, Кралство Белгија)
Единаесетти состанок (22-23 мај 2013 година, Стразбур, Француска Република)
Дванаесетти состанок (26-27 ноември 2014 година, Стразбур, Француска Република) 
Тринаесетти состанок (3-4 декември 2015 година, Скопје, Република Македонија) 
Четиринаесетти состанок (7-8 февруари 2018 година, Стразбур, Француска Република) 
Петнаесетти состанок (19-20 септември 2018 година, Скопје, Република Македонија) 
Шеснаесетти состанок (27-28 март 2019 година, Стразбур, Француската Република) 
Седумнаесетти состанок (18-19 декември 2019 година, Стразбур, Француската Република) 
Осумнаесетти состанок ( 25 март 2021 година, виртуелно)


Новости

Останати активности

                                   

 

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Северна Македонија и Европската унија (ЕУ) е формиран врз основа врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија (особено членот 114), Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и со Одлука на Собранието на Република Македонија за основање Делегација во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Службен весник 88/04 и 289/20). Формирањето на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) е одраз на цврстата определба на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, како и на заложбите на Собранието преку парламентарен дијалог да придонесе кон процесот на евроинтеграција и достигнување на европските стандарди. 

Во основа, МПК претставува форум каде што членовите на Собранието на Република Северна Македонија и Европскиот парламент ќе разменуваат искуства, мислења и ставови за зајакнување на меѓусебното партнерство. Комитетот формално придонесува кон издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието со Европскиот парламент. Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Дефинирањето на неговата улога во Спогодбата налага обврска за Советот на ЕУ, Европската комисија и Владата на Република Северна Македонија за нивно целосно учество во неговата работа и редовно информирање на секој состанок на МПК за степенот на спроведување на Спогодбата. 

Седниците на Мешовитиот парламентарен комитет завршуваат со усвојување на Завршни препораки, документ во кој се содржани заедничките ставови на двата парламента за одредени актуелни прашања од процесот на евроинтеграции. Истите се упатуваат до Европскиот парламент, до Собранието и Владата на Република Северна Македонија, до Советот на Европската унија и до Европската комисија. МПК се сотанува два пати годишно - еднаш во Собранието и еднаш во Европскиот парламент и работи според свој Деловник за работа.

 

Претседател: Биљал Касами
Потпретседатели: Тимчо Муцунски
Фиснике Бектеши-Шаќири
Членови: Бејџан Иљас
Жаклина Лазаревска
Маја Морачанин
Соња Мираковска
Антонијо Милошоски
Никола Мицевски
Александар Николоски
Жаклина Пешевска
 Бајрам Кадрија
Скендер Реџепи
Заменик-членови: Мирослав Јовановиќ
Славјанка Петровска
Панчо Минов
Снежана Калеска-Ванчева
Благица Ласовска
Бојан Стојаноски
Јован Јаулески
 Ане Лашкоска
Мерита Колчи-Коџаџику
Сафије Садики-Шаини



 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.