ЕУ вести

Вторник, 5 јануари 2021

Португалија - нов претседавач со Советот на ЕУ

Со стартот на новата година, Португалија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија.

Во наредните шест месеци, Португалија соочувајќи се со предизвикот на здравствена и економска криза, одлучи закрепнувањето да го постави како свој приоритет. Оваа земја ќе биде посветена на промовирање на еластична, социјална, зелена, дигитална и глобална Европа. Во тој контекст е и слоганот на новото претседателство: „Време за испорака: фер, зелено и дигитално закрепнување“.

Исто така, Португалија ќе продолжи да работи на некои од приоритетите на претходното германско претседателство: иднината на односите меѓу ЕУ и Велика Британија, напредокот во климатската политика на ЕУ, долгорочниот буџет на ЕУ и планот за надминување на пандемијата на ЕУ.

За Португалија ова е четврто претседателство со ЕУ и тоа овојпат на прославата од 35 години од нивното членство во големото европско семејство.

На средина од годинав, Португалија ќе ѝ го предаде на Словенија претседателството со Советот на ЕУ.