Среда, 30 јуни 2021
Обраќање на претседателот Џафери по повод свеченото промовирање на првата генерација на апсолвенти на Универзитетот Мајка Тереза
Почитуван заменик-министер за образование и наука во Владата на Република Северна Македонија, г. Арафат Шабани,
Почитуван ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Азис Положани,
Почитуван градоначалник на Општина Чаир, проф. д-р Висар Ганиу,
Почитуван амбасадор на Република Италија во Република Северна Македонија, г. Андреа Силвестри,
Почитувани декани, редовни и вонредни професори,
Почитувани студенти и родители,
Почитувани претставници на медиумите,
Дами и господа,
Големо задоволство ми е што денес, на овој грандиозен плоштад, сум поканет да бидам дел од овој настан, толку значаен за Универзитетот „Мајка Тереза“, за почитуваниот академски персонал, за вас родителите, драгите студенти, апсолвенти на првата генерација на овој Универзитет што денес ја одбележува првата годишнина од основањето и почетокот со работа како една нова државна високообразовна институција. Јас како претседател и колегите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија го дадовме својот придонес и нашата безрезервна поддршка бидејќи верувавме и сѐ уште сме уверени дека воспоставувањето на нови огништа на знаењето и со тоа, поттикнувањето на конкурентниот дух помеѓу нив да се достигнува сѐ повисок и попривлечен квалитет за новите студенти, поддршката во сите нивоа на образованието и се разбира на високото образование претставува само еден од чекорите што треба да се помине за да се достигнат понатамошните и највисоки врвови на усовршување на идните академски граѓаните во нашата земја, тоа е двигател и катализатор на новите, современи и светски процеси што ќе му помогнат на нашето општество да застане меѓу развиените и атрактивни земји за вас почитувани апсолвенти, но и за сите нас што припаѓаме на различни генерации. Меѓу вас има идни градежни инженери, професионалци по информатика, технички науки, технологија и социологија.
Знам дека ова претставува само мал дел од можниот спектар на смерови што може да се отворат во Универзитетот Мајка Тереза, и секој ваш постигнат успех, секоја нова отворена патека претставува нов прозорец кон светот и кон неограничените можности кои ги нуди глобализацијата и дигитализацијата со сите нивни предности. Јас сум убеден дека знаењето, познавањата и навиките што сте ги стекнале во овој сегмент од вашето образовно патешествие во овој универзитет, ќе ви бидат сигурна поткрепа којашто ви треба за продолжување на вашето понатамошно образовно усовршување, вашиот професионален развој и специјализација и за почнување на ваш ценет придонес во рамки на семејството, општеството и нашата држава.
Драги студенти,
И покрај тоа што оваа академска година, како и претходната, беа различни од традиционалните наставни години, а кои се одвиваат со предавања и испити со физичко присуство, со карактеристичното студентско дружење, сите сме свесни дека пандемијата со КОВИД-19 беше глобален предизвик којшто остави негативни и неповратливи последици врз економските состојби, здравствените системи и врз менталното здравје на човештвото во целина. Сепак, јас, воопшто немам сомнеж дека ова нема да ви биде пречка да чекорите напред и да го дадете вашиот максимум, бидејќи Вие сте иднината, вие сте силата во која веруваме, се наслонуваме и ги градиме плановите за светла иднина којашто ќе ја создадеме заедно, справувајќи се и надминувајќи ги сите предизвици и пречки што се појавуваат во тоа патешествие. Но сето ова, за вас вреди, како и за иднината!
Сите нас, почитуваните професори, драгите родители нѐ правите да бидеме горди, но пред се го воздигнувате вашиот личен и колективен интегритет!
Ви посакувам успешна и светла иднина!
Ви благодарам за вниманието!