Четврток, 1 јули 2021, Охрид
Обраќање на претседателот Џафери на Преспа форумот за дијалог
Почитуван претседател на Влада на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев,
Почитуван министер за надворешни работи, г. Бујар Османи,
Почитувани министри,
Почитувани гости, пријатели на Република Северна Македонија,
Почитувани медиуми,
Дами и господа,
Преспа форумот за дијалог не случајно се нарекува по Преспа и не случајно се одржува во Охрид. Овие две места имаат голема симболика за нас, мала држава со „големите“ балкански проблеми, затоа што тука се бетонира нашата меѓуетничка кохезија, меѓутоа и општествена кохезија за евроатлантската иднина со конкретен, опиплив продукт. Пред сѐ, мирот и релаксацијата на меѓуетничките односи на внатрешен план, додека пак на надворешен план, денес Република Грција, не само што не е пречка во нашиот напредок, туку силно и на активен начин го подржува интеграцискиот пат на Северна Македонија.
И идејата на овој форум е дека Северна Македонија, не само на декларативен начин туку и практично има причина да се смета себеси како фактор на стабилност во регионот, се разбира, со помош на Европската унија и САД, меѓутоа успеа да најде сила во себе за затворање на два големи спора кои не придружуваа уште од независноста, оној на меѓуетничкие односи преку Охридскиот договор и Договорот од Преспа кој го затвори спорот околу името со Грција. Спор кој што на одредени моменти се чинеше толку ненадминлив. Меѓутоа, Договорот од Преспа или „Договорот на можностите“, покажа дека ние сме биле подготвени за конструктивна соработка со соседите и исто така подготвени за евроатланска интеграција. Овој договор ја запечати државноста на земјата во Обединетите нации и овозможи полноправно зачленување на земјата во НАТО Сојузот каде денес, покрај 29-те знамиња, се вее и знамето на Република Северна Македонија и ние придонесуваме во заедничкото обезбедување на регионалната и глобалната безбедност и истовремено ги штитиме демократските вредности на современиот западен свет кои ги споделуваат еден билион луѓе во светот.
Резултатите на Договорот од Преспа се видливи во многу аспекти: во политички, економски, со сите области што ги опфаќа, во инфраструктура и енергетика, меѓутоа јас, во својство на Претседател на Собрание на Република Северна Македонија ќе говорам за охрабрувањето на парламентарната соработка и предностите што ги има парламентарната дипломатија како начин за развој и продлабочување на соработката и истата почна да се интензивира и да ги отвора потребните врати токму како резултат на тој договор. Собранието, како законодавна институција, за време на целиот период на градење на добрососедски и регионални политики го даде својот безрезервен придонес за донесување на законската основа во чии рамки ќе се овозможи овој развој. за да бидеме од корист за нашето општество и граѓани.
Почитувањето на суверенитетот, на територијалниот интегритет и целосната политичка независност како едни од главните точки на Договорот од Преспа се појдовната точка врз која се одвива тесната билатерална соработка за регион на мирот во Југоисточна Европа, развиен и просперитетен за граѓаните. Истовремено, го промовираме дефинирањето на соработката на едно пошироко ниво, во контекст на меѓународните организации и институции, мултилатерални и регионални, како што се Обединетите Нации, ОБСЕ и Европскиот Совет и унија.
Драги пријатели,
И Охридскиот договор, како ефикасен инструмент за демократизација на земјата, одржувајќи го етничкиот баланс во донесувањето на политичките одлуки со консензус, и Договорот од Преспа, кој што го де блокираше патот на чекорењето кон евроатлантските интеграции, што е тежнеење на целото општество на Северна Македонија, во пракса се потврдија како успешни модели кои можат да се присвојат и спроведат и од другите држави, особено оние во регионот кои имаат слични меѓуетнички проблеми. Тоа се модели за тоа како може да ги елиминираме сомнежите и отсуството на доверба меѓу нас и заедно да придонесеме во развојот на нашите држави и на регионот.
Се надевам дека Договорот потпишан со Република Бугарија за пријателство, добрососедство и соработка ќе биде ваков модел и набрзо, со позитивно рефлектирање на Република Бугарија ќе се овозможи и првата меѓувладина конференција Република Северна Македонија – Европска Унија, што ќе го одбележи и отворањето на преговорите за нашето полноправно членство во европското семејство, таму каде што и ни е местото.
Почитувани присутни,
Не сакам да должам многу, само сакам со мојот скромен придонес на овој почитуван форум да истакнам дека “не ни беше воопшто лесно меѓутоа, кога постои толеранција, желба за мир и напредок, волја, спремност за компромис а особено, политичка смелост и одговорност за иднината на земјата, на нашата младина, тогаш нема проблем или недоразбирање кои не можат да се решат.“
Ви благодарам на вниманието!