Соопштенија

Понеделник, 19 октомври 2020

Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во организација на Комисијата за европски прашања и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на 20 октомври 2020 година (вторник), од 11:00 до 15:00 часот, во Клубот на пратеници, ќе се одржи Јавна расправа на тема: Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација – II читање.

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисиите, на јавната расправа се поканети претставници на Министерството за труд и социјална политика, како и претставници на НВО секторот од оваа област и меѓународните организации.

ПРОГРАМА:

11:00 – 11:15 часот – Поздравни обраќања

  • Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања
  • Гордана Силјановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
  • Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика

11:15 – 15:00 часот – Дискусија

Click