Hidden render

Вторник, 3 август 2021

Средба на претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, со Филипе Керн

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, денеска оствари средба со Филипе Керн, основач и директор на КЕА European Affairs, меѓународен истражувачки центар за култура, спорт, едукација и млади.

На средбата беше разговарано за целите, надлежностите на Комитетот и неговата улога во унапредувањето на културата во нашата земја. Бидејќи главната тема беше културата, пратеничката Пашоли го запозна директорот Керн со досегашната работа на Комитетот на ова поле и дека се формирани помали групи од членовите на Комитетот, координатори кои соработуваат со надлежните институции, како што се Министерството за Култура и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски.

Соговорниците разменија мислења за важноста на меѓусебната соработка, при што директорот Керн изрази подготвеност и желба преку своето знаење и искуство да придонесе за потребите на Комитетот во однос на прашањата околу унапредувањето на културата.

Претседателката на Комитетот, Пашоли, му се заблагодари на директорот на КЕА European Affairs, Филипе Керн и истакна дека очекува во иднина уште повеќе да се интензивират овие средби и заеднички активности.





Click