
БЛЕРИМ БЕЏЕТИ
Член на ДУИ. Роден на 16 октомври 1976 година во с. Глумово, Скопје. Албанец. Дипломиран правник. Адвокат.
Активности во Собранието
- Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонијиа Борис Трајковски, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за надворешна политика, заменик претседател
- Комисија за европски прашања, заменик член
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
- Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член
- Комисија за локална самоуправа, претседател
- Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член