Вторник, 11 февруари 2020

НАСКОРО ГОРДО ЌЕ МОЖЕМЕ ДА КАЖЕМЕ  - НИЕ СМЕ НАТО!

На денешната 133. собраниска седница, на која се донесе Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор, претседателите на државата, Собранието и Владата, како и лидерите и претставници на политичките партии, имаа можност да се обратат од говорницата во законодавниот дом, на овој, како што едногласно го нарекоа, историски ден кога нашата земја е на чекор да стане 30-та членка на НАТО.

повеќе...

 

Понеделник, 10 февруари 2020 година

СРЕДБА НА ПОПОСКИ СО ЧЛЕНОВИТЕ НА ХОЛАНДСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПОСТОЈАНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА, ВЕЛДМАН И МУЛДЕР

Во фокус на расправата, соговорниците споделија искуства и видувања во насока на спроведувањето на реформите, владеење на правото, состојбите во бизнис и медиумската сфера, трендот кај младите-одливот на мозоци, како и имплементирањето на донесените закони.

повеќе...

 

Понеделник, 10 февруари 2020 година

НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Предлогот на Европската комисија за подобрување на методологијата за проширување на ЕУ, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции беше презентиран од страна на г.Џулијан Васало, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ. Потребата за ажурирање на начинот на кој се водат преговорите за пристапување постои веќе долго време, особено по октомврискиот самит на ЕУ минатата година кога некои од земјите-членки посочија дека сега е време да се донесе нов пристап. 

повеќе...

 

Четврток, 6 фервруари 2020 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БУКУРЕШТ

Делегација од Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на Групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев, од 5 до 8 февруари 2020 година, се во официјална посета на Романија.

повеќе...

 

Четврток, 6 февруари 2020 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА: ПРОГЛАСУВАЊЕ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА СПИСАНИЕТО „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонија, на 15. седница, на 7 февруари 2020 година, со почеток во 10.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема: Прогласување на Собранието на Република Северна Македонија за пријател на списанието „Лице в лице“.

повеќе...

 

Среда, 5 февруари 2020 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија на 57. Седница, на 6 февруари 2020 година (четврток), со почеток од 11:00-14:30 часот, во сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлог на закон за Агенцијата за разузнавање.

повеќе...

 

Среда, 5 јануари 2020

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО АМБАСАДОРКАТА НА ЦРНА ГОРА, Н.Е. МАРИЈА ПЕТРОВИЌ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, се сретна со амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија, Н.Е. Марија Петровиќ.

Потпредседателот Рамчиловиќ истакна дека Црна Гора и Македонија и нивните народи имаат заедничко минато базирано на пријателство, соработка и меѓусебна поддршка. 

повеќе...

 

Петок, 31 јануари 2020 година

ГРУБИ – ПРЕТПАЗЛИВ ОПТИМИСТ ЗА ДАТУМ ОВАА ПРОЛЕТ   

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г. Артан Груби, имаше средба со францускиот амбасадор во земјата, г. Кристијан Тимоние.

повеќе...

 

Понеделник, 20 јануари 2020

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО БОСАНСКИОТ АМБАСАДОР ЈАЌИМОВИЌ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.

повеќе...

 

Среда, 5 февруари 2020

УСВОЕНА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

Европската комисија ја усвои новата Методологија за проширување на Европската Унија, што е всушност предлози за зајакнување на процесот на пристапување во ЕУ.  Таа ќе биде формализирана во рамките на преговорите со нашата земја и Албанија.

Ревидираната методологија за проширување се заснова на четири главни принципи, и тоа: кредибилитет, посилно политичко управување, динамичност и двострана доверба.

повеќе...

 

Понеделник, 6 јануари 2020

РИЕКА И ГОЛВЕЈ - ЕВРОПСКИ ПРЕСТОЛНИНИ НА КУЛТУРАТА

Хрватскиот град Риека и ирскиот Голвеј се избрани за европски градови на културата за 2020 година.

повеќе...

 

Понеделник, 6 јануари 2020

ХРВАТСКА – НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Од почетокот на 2020 година, Хрватска го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија.

Под мотото „Силна Европа во светот на предизвиците“, Хрватска одвои четири приоритети за време на претседателството, и тоа: Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна.

повеќе...