Четврток, 5 септември 2013 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски оствари средба со претседателот на Република Хрватска, г. Иво Јосиповиќ

На почетокот на средбата и двајцата соговорници се согласија дека меѓу Република Македонија и Република Хрватска нема отворени прашања, а билатералните односи на сите полиња во изминатиот период се во постојан подем. На средбата, претседателот Вељаноски, истакна дека со приемот на Хрватска, Република Македонија доби уште еден пријател во eвропското семејство, и притоа потсети дека евроатлантските интеграции беа определба и константа на двете држави. Претседателот Вељаноски дополни дека двете држави заедно го одеа овој пат, но поради познатите причини, Република Македонија беше блокирана од страна на нашиот јужен сосед.