
Вторник, 21 јули 2015 година
Неопходно е реализирање на Договорот за излез од политичката криза
Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, од страна на Европскиот парламент, во состав: г. Алојз Петерле, копретседавач; г. Сергеј Станишев и г. Ангел Џамбаски, заменик-копретседавачи, оствари средби со г. Кенан Хасипи, копретседавач на МПК - РМ и ЕУ и г. Артан Груби, заменик-копретседавач, како и со останатите членови на Комитетот.