
Четврток, 2 јули 2015 година
Средба на Комисијата за финансирање и буџет со постојаната мисија на ММФ
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија во состав: г. Крсто Мукоски, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Драган Цуклев вчера одржаа состанок со постојаната мисија на Меѓународниот монетарен фонд во Република Македонија во состав: г-ѓа Јасмин Раман, шеф на мисијата, г. Патрик Гитон, резидентен претставник на Меѓународниот монетарен фонд во Рпублика Македонија, г. Марк Гард, член на мисијата, г-ѓа Пијапорн Содривибун, член на мисијата и г. Жерон Клик, претставник на Канцеларијата на холандската конституенца задолжен за Република Македонија.