
Понеделник, 22 јуни 2015 година, Будва
Интерпарламентарна конференција на тема „На патот кон независен и современ судски ситем на земјите во процесот на пристапување кон Европската унија"
На Интерпарламентарната конференција на тема „На патот кон независен и современ судски ситем на земјите во процесот на пристапување кон Европската унија", што во организација на Европскиот парламент, а во соработка со Парламентот на Црна Гора, се одржа на 18 и 19 јуни 2015 година во Будва, Црна Гора, учествуваше собраниска делегација од Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во состав: г. Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата, членовите г. Емил Димитриев и г. Рафиз Аљити, како и заменик-членот, г. Беким Фазлиу.