
Петок, 4 јуни 2021
Трета работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците
Членовите и заменик-членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања учествуваа на третата по ред Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
Тема на оваа работилница беше Предлог-кодексот за етичко однесување на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, проследена со дискусија за структурата и областите опфатени со документот.
На работилницата се дискутираа и серија на примери од Предлог-упатството за примена на кодексот, со цел утврдување на идните правци и насоки по кои треба да се развива Упатството.
Беше заклучено дека по работилницата ќе бидат споделени мислења и предлози за натамошни подобрувања на кодексот, а воедно беше договорено да се одржи уште една работилница на која подетално би се разгледале механизмите за примена и следење на имплементацијата на етичкиот кодекс.
Овие работилници се организираат во соработка со Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), со финансиска помош од Швајцарија, како и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР.