Активности на Парламентарен институт

Петта регионална конференција на истражувачките служби во парламентите

Во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, на 31 мај се одржа петтата јубилејна Регионална конференција на истражувачките служби при парламентите на земјите од регионот, на тема „Пописи на население и домаќинства во земјите од Југоисточна Европа“. 

На конференцијата учество зедоа претставници од истражувачките служби на парламентите од: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, а со свој труд учествуваше и претставник од истражувачката служба на Парламентот на Словенија. 

На настанот присуствуваа и пратеници од Собранието, како и претставници од Државниот завод за статистика и од граѓанскиот сектор. 

Целта на Конференцијата беше да се презентира заедничката студија на наведената тема од страна на учесниците, искуствата на секоја од земјите во спроведување на пописите, начините и методологијата која се користи. Воедно, пратениците имаа можност да добијат повеќе информации за темата, што ќе им бидат од корист при исполнување на својата пратеничка функција

Click