25-27 септември 2017 година
ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕТИКА И ИНТЕГРИТЕТ
Во функција на зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, во периодот од 25-27 септември 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана воведна обука на тема „Професионална етика и интегритет“.
Тренинг програмата беше испорачана од страна на Центарот за европски безбедносни студии Центарот за европски безбедносни студии (CESS), Холандија како и Собранието на Република Македонија, а финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.
повеќе...
22 септември 2017 година
ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
Ученици од пет средни училишта од Струмица, Тетово, Богданци, Македонска Каменица и Скопје, придружувани од нивните наставници, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов "Демократијата и Собранието". Семинарот се одржа на 22 септември, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.
Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.
повеќе...
Септември 2017 година
ОБЈАВЕНА ЗБИРКА НА ИСТРАЖУВАЧКИ РАБОТИ ОД ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ ИЗРАБОТЕНИ ПО СОПСТВЕНА ИНИЦИЈАТИВА
Согласно Правилникот за вршење на надлежностите на Парламентарниот институт, во текот на месец септември се финализира и испечати Збирка на истражувачки работи по сопствена иницијатива на Парламентарниот институт за 2016 година. Збирката содржи петнаесет проактивни истражувачки работи во вид на компаративен преглед, кратка информација и студија.
повеќе...
Jули 2017 година
РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД СЛУЖБАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕШКИ ПЛАН НА СОБРАНИЕТО
Во јули 2017 година во Кавадарци, во организација на Парламентарниот институт се одржа тридневна работилница за подготовка на Стратешки план на Собранието на Република Македонија 2018-2020, наменета за вработените од Службата на Собранието.
повеќе...
Среда, 21 јуни 2017
ТРКАЛЕЗНА МАСА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија на 21 јуни 2017 година беше домаќин на 25 граѓански организации кои со свои претставници учествуваа на тркалезната маса Собранието и граѓанските организации (вклученост, соработка и отворена законодавна власт).
повеќе...
Петок, 16 јуни 2017 година
ТРЕТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИСТРАЖУВАЧКИ СЛУЖБИ
На 16 јуни 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт се одржа третата Регионална конференција на парламентарните истражувачки центри со работен наслов Буџетска транспарентност и отчетност и улогата на парламентите.
повеќе...
8-9 мај 2017
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН ИНСТИТУТ
Во периодот од 8-9 мај во просториите на Едукативниот центар на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија во посета беше делегација од Швајцарскиот Национален Совет составена од пет претставници од парламентарната служба.
повеќе...
Април 2017 година
РАБОТНА ПОСЕТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА: ОТВОРЕН ПАРЛАМЕНТ ЗА ИНФОРМИРАНИ И ВКЛУЧЕНИ ГРАЃАНИ
Во функција на размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка, во април 2017 година, вработени во Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, остварија работна посета на Парламентот на Црна Гора.
повеќе...
3-5 април 2017 година
ОБУКА ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Во функција на зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, во периодот од 3-5 април 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана обука на тема „Управување со човечки ресурси“.
повеќе...
Петок, 21 април 2017 година
ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Ученици од пет основни училишта од Македонски Брод, Демир Капија, Пробиштип, Нов Дојран и Скопје, придружувани од нивните наставници, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов "Демократијата и Собранието". Семинарот се одржа на 21 април, во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.
повеќе...