Петок, 03.04.2009 година, Брисел
Усвоена Резолуцијата „Европската совест и тоталитаризмот“
Со 553 гласа „за“, 44 „против“ и 33 „воздржани“ Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата „Европската совест и тоталитаризмот“. Европратениците им оддадоа почит на сите жртви на тоталитарните и авторитарните режими во Европа и повикаа на отворање на архивите на сите други членки.
Парламентот подвлече дека посебно е важно да се оддржат живи спомените на трагичното минато на Стариот континент за да им се оддаде почит на жртвите, да бидат осудени извршителите и да биде подготвен теренот за примирје.
Според тоа, Европа нема да биде обединета ако не успее да има општ поглед кон својата историја, ако не ги признае комунизнмот, фашизмот и нацизмот како свое наследство и да започне дебата за сите престапи на тоталитаризмот во текот на минатиот век.
Оваа Резолуција изразува жалење дека и по 20 години од владеењето на комунистичките диктатури во Централна и Источна Европа, пристапот до документите од личен карактер или за целите на научните истражувања сe уште е неосновано ограничен во некои земји-членки.
Затоа, членовите на ЕП повикуваат за отворање на архивите во сите земји-членки, вклучувајќи ги и поранешните служби за сигурност, тајната полиција и разурнувачките агенции, со тоа што треба да се гарантира дека овој процес нема да се злоупотребува во политички цели.
Европскиот парламент сака да биде создадена Платформа за европски спомен и совест, која ќе ја поддржи соработката меѓу националните истражувачки институти во областа на тоталитарните режими, како и пан-европски документарен центар или меморијал на жртвите на сите тоталитарни режими.
Европратениците бараат 23 Август да биде прогласен за Ден за спомен на жртвите на сите тоталитарни и авторитарни режими во цела Европа